Мали архитекти
големи идеи
Место каде децата преку игра, цртање и практична изработка на макети го откриваат светот на архитектурата.

Цел на програмата
Да се развие креативност, просторно размислување, чувство за форма, функција и естетика преку архитектура, дизајн и практична изработка на модели – макети.

За малите архитекти
Работилници за
архитектура
За деца од 7 – 12 години
Организација на работилниците
Предвидени се 24 часови по 90 минути, наменети за деца од 7–12 години. Нивото на сложеноста ќе се прилагоди според возраста на децата присутни на соодветниот час.
Архитектурата како уметност на обликувањето на просторот треба да се приближи на децата уште од најрана возраст. Децата почнуваат да размислуваат за поимот простор и сами да учествуваат во неговото формирање. Часовите се предвидени повеќе како игра, т.е. креативни работилници, низ која децата интерактивно ќе се запознаат со процесот на создавање архитектура.
Преку предавања, разговори, цртежи на хартија, боење, правење едноставни макети, прашања во врска со изработките и други активности, децата стекнуваат знаења и широк спектар на вештини. Учaт како да соработуваат со другите, да започнат дијалог, да се поврзат со учесниците, да усвојат критичко мислење, да ги осознаат своите вредности и да ги согледаат работите од поинаков агол.
Како архитекти со искуство, предлагаме програма која ќе ги учи децата не само да цртаат куќи и проекти за објекти, туку да размислуваат како архитекти: да набљудуваат, истражуваат, решаваат проблеми и да творат.
Од идеја до макета
Учиме преку
создавање





Материјали за работа
Сè што им е потребно на малите архитекти за идеите да станат вистински макети.
Листови A4 и A3
Блок-листови за ликовно цртање
Картон за макети
Лепак и ножици
Дрвени стапчиња и сламки
Конец и колаж
Фломастери и дрвени бои
Водени и темперни бои
Линијари и триаголници
Рециклирани материјали
Материјалите за работа се обезбедени, вклучително и рециклирани материјали како картонски кутии и други предмети.